Предложени нови членови на Одборот на директори на Македонски Телеком

796 Views Септември 13, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Собранието на Македонски Телеком на својата седница одржана на ден 13.10.2017 година ја донесе предлог одлуката за отповикување и избор на членови на Одборот на директори на Друштвото, информира компанијата преку Македонската берза.

„Собранието на Друштвото ги отповикува: Панче Кралев, од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, почнувајќи од 13.10.2017 година, Жарко Луковски, од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, почнувајќи од 13.10.2017 година, Небојша Стајковиќ, од позицијата Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, почнувајќи од 13.10.2017 година, Александар Стојков, од позицијата Независен член на Одборот на директори на Друштвото, почнувајќи од 13.10.2017 година, и Владимир Здравев, државјанин на Република Македонија, од позицијата Независен член на Одборот на директори на Друштвото, почнувајќи од 13.10.2017 година.

Собранието на Друштвото ги избира: Горан Трајановски, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година, Сашо Велески, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година, Анета Симеска Димоска, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година, Замир Мемети, за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година, и Дивна Јовковска - Ефтимоска, за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година.

Собранието на Друштвото го ре-избира Назим Буши, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година.

Мандатот на избраните членови на Одборот на директори на Друштвото изнесува 4 години, согласно Статутот на Друштвото„, велат од компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови