Манчини пред утрешниот меч: Ќе биде тешко, Вардар е опасен во контранападите

366 Views Септември 13, 2017 Спорт Никола Осило

Македонскиот фудбалски првак Вардар првиот натпревар од групната фаза во Лигата Европа го игра утре на Националната Арена „Филип Втори“, а во првото коло противник е руската екипа Зенит.

На прес-конференцијата од таборот на гостите тренерот Роберто Манчини изјави дека Вардар е солиден тим.

„Ќе биде тежок натпревар за нас, како и секој прв во групата. Вардар е тим што игра добро во одбраната, а опасен е во контра нападите. Но, нашата амбиција на овој натпревар, како и на сите е да постигнеме победа“, изјави Манчини.

Манчини истакна дека Олек Шатов и Леандро Паредес останале во Русија и дека поради повреди не се во составот, но очекува нивно брзо враќање.

Александар Јерохин, еден од играчите кој е повратник во тимот напомена дека тој и соиграчите со голема сериозност ќе истрчаат утре на дуелот со Вардар.

„Ги гледавме натпреварите на Вардар против Фенербахче. Тоа е добро организиран тим, кој му даде четири голови на Фенербахче и затоа треба да бидеме максимално внимателни“, изјави Јерохин.

По прес-конференцијата екипата на Зенит излезе на теренот и го одработува единствениот тренинг во Скопје, по нив во терминот од 20:30 часот тренинг има и македонскиот првак Вардар.

МИА/фото:fourtwofour

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!