Инфлацијата забрзано се враќа во Македонија: Континуран пораст на цените во 2017

293 Views Септември 14, 2017 Бизнис Никола Осило

Податоците за инфлацијата за август укажуваат на одредено забрзување на годишната стапка на инфлација на 1,9%, при што просечниот годишен раст на цените во првите осум месеци изнесува 1%, соопшти Народна банка.

Просечниот раст на цените во овој период е одраз првенствено на базичната инфлација, и во помал дел, на цените на енергијата. Цените на храната и понатаму имаат негативен придонес кон просечната промена на цените, кој сепак постепено се намалува.

Остварувањата кај инфлацијата главно соодветствуваат со проекцијата, а очекувањата за влезните претпоставки за увозните цени на примарните производи главно се надолни, но сепак исклучително променливи. Во вакви околности ризиците околу проекцијата на просечната инфлација за 2017 (1,3%) се оценуваат како врамнотежени.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!