Зголемена побарувачка за девизи

150 Views Септември 14, 2017 Бизнис Никола Осило

Во однос на остварувањата во билансот на плаќања, податоците за второто тримесечје навестуваат подобри остварувања и кај тековните и кај финансиските трансакции во однос на априлската проекција, соопшти Народната банка.

Движењата на девизниот пазар во август се должат на сезонските фактори на зголемена понуда на девизи од менувачниците, што овозможи подобрување на девизните средства на банките и интервенции на Народната банка за откуп на 20 милиони евра.

„Овие поволни движења, коишто беа карактеристични за првата половина на месецот, им овозможија на банките во целост да ја надоместат зголемената побарувачка на девизи од клиентите до крајот на август, којашто освен од нивното редовно работење, беше поврзана и со капиталните текови и раздолжување на приватниот сектор кон странство“, соопшти НБРМ.

Фото: euromoney

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!