Каков имот има кандидатот за градоначалник, Коце Трајановски

1811 Views Септември 14, 2017 Наша тема Петре Димитров

Во пресрет на локалните избори, еМагазин стартува со нов серијал, во кој ќе Ви преставивме со каков имот располагаат дел од кандидатите за градоначалници за престојните локални избори.

Напоменуваме дека користиме податоци од нивните анкетени листови, доставени до Државната комисија за спречување корупција, додека биле или се на некоја друга функција.

Овој пат Ви пренесуваме каков имот има актуелниот градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој повторно се кандидира за оваа функција, а ова е неговиот анкетен лист кој го поднел при добивањето на последниот мандат.

Според неговиот анкетен лист, на свое име нема пријавено ништо. Се што е пријавил е заеднички имот или имот на деца.

Па така како заеднички имот пријавил куќа од 100 метри квадратни, проценета на 100 илјади евра во Илинден, Скопје, од наследство и стан од 73 метри квадратни, проценет на 40,7 илјади евра, во Скопје.

Како заеднички имот пријавил и земјоделско земјиште во Илинден и Бродец, стекнато од наследство.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Коце Трајановски

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Каков имот има кандидадот за градоначалник на ДУИ, Висар Ганиу

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Марјан Ристески

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Зијадин Села

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Благој Бочварски

Со сопругата заедно имаат четири стана: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник Шилегов

Има само автомобил: Каков имот пријавил кандидатот за градоначалник, Таравари

Каков имот има кандидатот за градоначалник, Стефан Богоев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.