Борис Ефтимовски избран за нов Претседател на ИАБ Македонија

744 Views Септември 14, 2017 Бизнис Петре Димитров

Борис Ефтимовски, сопственик на специјализираниот портал „Маркетинг365“ и професионалец од областа на маркетингот и односи со јавноста, е избран за нов Претседател на ИАБ Македонија, здружението чија основна цел е развој и унапредување на дигиталниот адвертајзинг пазар.

Ефтимовски на позицијата доаѓа на местото на Игор Поповски од „ЦрноБело Медиа“ кој го предводеше здружението во изминатата година. За нов потпретседател е избран Дарко Лазаревски од „Кајгана Медиа“, а за генерален секретар на здружението реизбран е Никола Анчевски од агенцијата „Ovation“.

На изборното собрание кое минатата недела се оддржа во „Public Room“во Скопје, собранието на ИАБ Македонија избра и нов извршен и надзорен одбор.

Новиот извршен одбор, покрај Претседателот Борис Ефтимовски, ќе го сочинуваат и: Дарко Лазаревски (Кајгана Медиа),Никола Анчевски (Ovation), Ира Бабиќ (Бренд Јунион), Дамјан Дано (IT.mk / ИВМ Нетворк),Ненад Ристевски (PublicisOneМакедонија), Мери Шешо (Меккен Скопје), Сашка Николова (Медиа План) и Игор Поповски (Црно Бело).

За членови на Надзорен одбор се избрани претставници од агенциите Хттпоол, Дирецт Медиа и Универзал Медиа.

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија е формирано во 2012 година од страна на најголемите македонски дигитални медиуми, маркетинг агенции и огласувачи, и е дел од светската мрежа на IAB USA.

Некои од главните цели и активности на здружението се: промоција на индустријата и запознавање на јавноста со можностите и бенефитите од огласувањето на интернет; организација на семинари, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми;дефинирање на стандарди за огласување на интернет, како исправување со проблемите кои произлегуваат од индустријата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.