Што стои во биографиите на ново предложените членови на Одборот на директори на Македонски телеком

2173 Views Септември 14, 2017 Бизнис Редакција Емагазин

Како што објавивме вчера, Собранието на Македонски Телеком АД Скопје на својата последна седница донесе предлог одлуката за отповикување и избор на нови членови на Одборот на директори на Друштвото.

Ново предложените членови се: Горан Трајановски, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година, Сашо Велески, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година, Анета Симеска Димоска, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година, Замир Мемети, за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година, и Дивна Јовковска - Ефтимоска, за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година.

Собранието на Друштвото го ре-избира Назим Буши, за Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, со мандат почнувајќи од 13.10.2017 година.

Горан Трајановски, доаѓа од МВР, каде бил  помошник на министерот за информатика и телекомуникации и државен советник за информатика и телекомуникации.

Претходно е основач на Start Up, и бил проект менаџер во Македонски Телеком на проектот „Оптика до секој дом„, проект менаџер на REPP i.e. Estate Property Project во Македонски Телеком (МТ) , проект менаџер во аутсорсинг во МТ, раководен директор за човечки ресурси и право, CHR&LD во МТ,  бил и директор на Директоратот за логистика во МТ и на уште неколку позици и дел од проекти во Македонски телеком.

Основач е и на ГТТ Елтеком, каде бил и генерален директор.

Тој е дипломиран инжинер по електроника и телекомуникации, а магистрирал во областа на индустрискиот менаџмент во Габрово, Бугарија.

Сашо Велески, е дипломиран машински инжинер.

Во текот на својата кариера работел во Микрон АД Прилеп во секторот Развој и истражување, каде обавувал и уште неколку други функции.

Бил и дел од Управниот одбор на ЈП за водоснабдување „Студенчица“ Скопје, како и кординатор на советничка група и советник во Собранието на Општина Прилеп.

Анета Симеска Димоска е дипломиран инжинер технолог по лимерно инжинерство.

Доаѓа од Министерството за економија, од Државниот пазарен инспекторат.

Претходно работела и во ОП Сувенир Самоков-Македонски брод.

Била и член на Советот на Општина Македонски брод и претседател на Советот на општината.

Замир Мемети, кој на јавноста најмногу и е познат по учеството во „Шарената револуција“, дипломирал на Правниот факултет во Скопје, а ја завршил и Високата школа за новинарство и односи со јавност на МИМ.

Како новинар работел во Макфакс, Алсат М, Koha e re, бил дописник на Associated press…, а работел и како маркетинг агент  во Медиа Принт Македонија.

Беше и дел од Одборот на Советот за радиодифузија.

Дивна Јовковска-Ефтимоска е дипломиран новинар и магистар по односи со јавност.

Работела во ЈРП Радио Ресен, магазинот Порта 3, а од 2011 до 2014 е пратеник во Собранието.

Извесен период е и во Надзорниот одбор на МИА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови