(ВИДЕО) Еколошка и економска катастрофа: Плажите околу Атина поцрнеа од нафта

664 Views Септември 14, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Од Солун за еМагазин, Петре Димитров

Речиси сите плажи околу Атина се забранети за капање по излевањето на нафта од танкерот кој пред неколку дена потона кај островот Саламис.

Освен еколошката катастрофа која е топ тема во грчките медиуми, излевањето на нафтата полека станува и економска катастрофа за овој дел од Грција. Се затворија многубројни кафулиња, ресторани, а продавниците по крајбрежието не работат нормално поради миризбата од излеаната нафта.

Додека партиите меѓусебно се обвинуваат дека власта не регирала навреме да се спречи катстрофата, Грците имаат чувство дека работите дополнително ќе се влошат.

Нафтата која се изле од танкерот „Агиа Зони II“, кој пренесувал 2.500 метрички тони гориво, го загрозува целиот залив во југоисточниот дел на островот.

Крајбрежната стража соопшти дека се поставени рампи за да се спречи разлевање на нафтата, а за нејзино собирање се користат камиони-цистерни. И покрај тоа, голем дел од горивото кое се изли, заврши на плажите на Саламис. 

„Нафтената дамка се протега на повеќе од 1,5 километри, а за нејзино целосно чистење ќе бидат потребни околу четири месеци„, изјави за грчките медиуми членот на атинскиот совет за рибарство Вула Тутанци.

Засега не е познато што го предизвика тонењето на танкерот, со оглед на тоа дека за време на изминатиот викенд временските услови беа поволни.

Капетанот на танкерот и главниот инженер се обвинети за негрижа и пуштени да се бранат од слобода. 

Фото/видео: newsit.gr

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови