Министерство за финансии: Новите цени на сметководителите се незаконски

2728 Views Септември 14, 2017 Бизнис Камелија Делија

Предлог-правилникот за утврдување основни критериуми при утврдување минимални трошоци за вршење книговодствени работи, кој е објавен на веб-страницата на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, е незаконски и затоа не треба да се применува, информираат од Министерството за финансии по реакција од голем број сметководители и правни субјекти.

Од финансии велат дека пред два месеци, Министерството реагирало со допис до Институтот, на Актот донесен од нивна страна со кој се утврдуваат минималните трошоци за вршење книговодствени работи, укажувајќи им на фактот дека тој е противзаконски и дека Собранието на Институтот нема надлежност при утврдување на минималните трошоци за вршење книговодствени работи. 

-И покрај тоа, Управниот одбор на Институтот донесе Предлог-правилник со кој се утврдуваат основни критериуми за утврдување минимални трошоци при вршење книговодствени работи, кој, како што се вели во самиот Предлог–правилник, треба да стапи на сила од први јули.

Ова е спротивно на Законот за вршење сметководствени работи, во кој точно се утврдени надлежностите на Управниот одбор на Институтот, според кои тој може да ги утврдува критериумите за утврдување на цената на услугите, но не и минималните трошоци за нив, се вели во информацијата објавена на веб страната на Министерството за финансии.

Од Министерството за финансии, велат дека согласно законските овластувања утврдени во Законот за вршење сметководствени работи, врши надзор над работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!