МФ советува: Што треба да правите ако сте ја згрешиле или изгубиле уплатницата

271 Views Септември 14, 2017 Бизнис Камелија Делија

Годишно од 1.000 до 1.200 лица и фирми имаат погрешна уплата на државната сметка или ги губат уплатниците, покажуваат статистиките на Министерството за финансии.

Во таа насока на својата Фејсбук страница, Министерството за финансии објави туторијал кој покажува што треба да направат граѓаните доколку извршат погрешна уплата на такси, надоместоци и глоби, за да си ги вратат парите или за да ја пренасочат уплатата на вистинско место.

Исто така, Министерството објави процедура што треба да се направи доколку е изгубена уплатница, а на лицето или фирмата им е потребен доказ дека е направена уплата.

Објавени се и контакт телефони на надлежните во Министерството, ако на граѓаните им се потребни повеќе информации.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови