Апартман за 250 евра за квадратен метар: Драстичен пад на цените на недвижниот имотот во Банско

2041 Views Септември 14, 2017 Балкан Редакција Емагазин

Цените на недвижниот имотот во Банско, Бугарија драстично се намалија во последниве месеци, пишуваат бугарските медиуми.

Апартманите во ова бугарско зимско одморалиште, една од омилените дестинации за зимување на Македонците, се продаваат по цена од 250 евра за квадратен метар.

Падот на вредноста се должи на желбата на сопствениците на куќи од Велика Британија за да ги продадат своите имоти, за да се спасат од високите давачки за земените банкарски кредити, пишува „Денес“. 

Становите во големите комплекси во зимското одморалиште Банско, главно се во сопственост на Руси и на Англичани. И додека Русите го задржуваат својот имот и многу често доаѓаат во Бугарија да се одморат во Банско, Англичаните масовно ги нудат своите имоти на пазарот. Главната причина се високите каматни стапки и за да се спасат од банкрот, тие се одлучуваат да продаваат по ниски цени.

Цената за квадрат зависи од моменталната одлука на сопственикот дали сака да го продаде веднаш, а има случаи и кога попустите изнесуваат од 50 до 60 отсто од вредноста на станот. 

Бугарите ретко купуваат имот во Банско. Тие се оптоварени со надоместокот за одржување, кој тие се должни да ги платат секоја година, ако имаат стан во еден од комплексите.

Паралелно, агенциите за недвижности забележуваат и зголемен интерес на пазарот за купување напуштени хотели во одморалиштето. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови