Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

302 Views Септември 14, 2017 Локално Редакција Емагазин

Детскиот фестивал „Поточиња“за прв пат се појави на македонската сцена во 2004 година. Со своите песнички и радоста која ја носеа за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката.

„Поточиња“редовно се одржува секоја година и со секој настап ја најавува пролетта. Овој фестивал им овозможува на сите дечиња, преку песничките да зачекорат во светот на бајките, сказните, училиштето, здравите навики, природата и екологијата.

Започнуваат подготовките за 15то јубилејното роденденско издание на детскиот фестивал „Поточиња“, кое ќе се одржи наредната пролет. За таа цел, објавена е аудиција за нови членови кои ќе земат учество на претстојните „Поточиња 2018“.

Термините за аудицијата се: 18 – 20 септември 2017, градинка „Срничка“ (објект Бамби) нас. Аеродром, 18:00 – 19:00 часот и 21 и 22 септември 2017, ООУ „Владо Тасевски“ нас. Козле 18:00 – 19:00 часот.

Аудицијата е за деца на возраст од 5 до 12 години, а за повеќе сите заинтересирани може да се обратат на produkcijapap@gmail.com и телефонскиот број 072 210 660.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови