Македонија скокна за 32 позиции на ФИФА ранг листата

389 Views Септември 14, 2017 Спорт Камелија Делија

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од 32 места на ранг листата што Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја објави денеска.

Македонија сега се наоѓа на 103.место и е на чекор до враќање во најдобрата „стотка“. Подобрениот пласман во однос на августовското рангирање, се должи на победата над Израел и ремито со Албанија во седмата и осмата рунда од Мундијалските квалификации.

Од противниците во квалификациската група на „црвено-жолтите“ најдобро котира Шпанија (11. место), потоа следува Италија која е на 17.место, Албанија е 66-та, Израел е на 82. место, а најслаб е Лихтенштајн кој се најде на 187-та позиција.

Промена има и на врвот. Нов лидер е Германија, втор е Бразил, а трета е Португалија. Во ТОП 10 светски фудбалски сили уште се: Аргентина, Белгија, Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 16 октомври.

МИА/Фото: ФФМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови