Поранешниот претседател на Кривичен суд, Панчевски осуден за мобинг

309 Views Септември 14, 2017 Македонија Камелија Делија

Владимир Панчевски, поранешениот претседател на Кривичниот суд е осуден за мобинг кој го сторил врз вработениот Горан Стаменковски, објави денеска Основниот суд Скопје 2.

Тужбата за мобинг против Панчевска ја поднесе Стаменковски, поранешен раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд.

Панчевски сега има право да ја обжали првостепената пресуда пред Апелациониот суд.

Донесената неправосилна пресуда засега е само морална сатисфакција за тужителот Стаменковски, но доколку во случај Апелација ја потврди истата, Панчевски нема да може повеќе да извршува раководна функција, како на пример да биде повторно претседател на Кривичниот суд.

Во тужбата стои дека Панчевски во подолг временски период го прераспределувал Стаменковски на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот.

Стаменковски поднел и две кривични пријави против поранешниот шеф за малтретирање во служба, а втората за повреда на рамноправност.

Фото: Академик

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!