Застрашувачки наоди: Рекорден број клеточни абнормалности најдени во брисевите од македонските жени

2452 Views Септември 14, 2017 Наша тема Никола Осило

Спoред пoдатоците на центрите за јавно здравје, во 2016 година биле цитолошки анализирани 37.589 брисеви од жени, од кои кај 5.602 биле откриени клеточни абнормалности (14,9%), покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје.

Кај возрасната група од 36-45 години, биле цитолошки анализирани 24.270 брисеви. Од нив, кај 2.817 биле откриени клеточни абнормалности (11,6%).

Кај возрасната група од 24-60 години кои во 2015 година не наоравиле ПАП тест, биле цитолошки анализирани 13.319 брисеви (податоците се однесуваат на општините Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово, Велес и Скопје, додека недостасуваат податоци од Битола, Гевгелија, Прилеп и Штип).

Од нив кај 2.785 биле откриени клеточни абнормалности (20,9%, речиси двојно поголем од оној кај возрасната група од 36-45 години).

„Треба да се земе во предвид дека не располагаме со податок за возрасната структура на овие жени. Центарот за јавно здравје во Прилеп и Штип нема податоци за цитолошки анализирани брисеви. Во Прилеп, не се извршуваат ПАП тестови-пациентките се испраќаат во други градови, додека патологот од општата болница Прилеп работи во Хистолаб веќе 3 години.

Во Штип, патологот не изработува анализи за ПАП тестови. Најмал процент на цитолошки анализирани брисеви од направените ПАП тестови има во подрачјето на Центарот за јавно здравје во Битола и изнесува 45,9%. Ако се споредат податоците од претходните години, процентот на откриени клеточни абнормалности е највисок во 2016 година.“, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Фото:cheatsheet

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!