Митко Тилевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничката фунција во Охрид

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ - Охрид денеска соопшти дека д-р Митко Тилевски ќе биде партискиот кандидат за функцијата градоначалник на престојните локални избори закажани за 15 идниот месец.

Истовремено е соопштено дека носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседателот на ОК д-р Кирил Пецаков.

Д-р Митко Тилевски роден 1962 година во Скопје има завршено Медицински факултет. Специјалист-педијатар, поранешен пратеник во Собранието на РМ. Изинатите десет години беше директор на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Оженет, сопруг и татко на две деца.

Фото/Принтскрин ТВ О2

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови