Посебен сообраќаен режим поради натпреварот Вардар - Зенит

243 Views Септември 14, 2017 Локално Редакција Емагазин

Поради меѓународниот фудбалски натпревар меѓу Вардар и Зенит од Русија, што треба да се одигра вечер на Националната арена „Филип Втори Македонски” и очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, попладне од 17 часот околу стадионот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, попладне во 17 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со улицата „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Исто така, во попладневните часови ќе се преземаат мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови