Oд понеделник во продажба Добриот леб на Специјал

Како логичен одговор на зголемената свесност за здрав живот и подобра исхрана, најголемиот производител на леб и бели пецива Специјал внесе иновација во своето работење и ја лансира линијата на здрави и вкусни лебови по продукт брендот Добриот леб.

Оваа продукт категорија е производ на повеќемесечни тестирања, истражувања на пазарот, согледувања на глобалните движења и предвидувања на трендовите и вкусовите на потрошувачите.

Линијата Добриот леб е внимателно поставена композиција од 8 видови на високо протеински здрави лебови со неодолив вкус: Eтно тост леб, Пченкарен тост леб со куркума, Путер леб, Тост леб со коприва, Тост леб со чиа семе, Леб Цимерман мултицереал, Медитерански тост леб, Леб од три брашна.

Добриот леб е синергија од традиционалните вештини на врвните технолози за храна на Специјал и технолошко-иновативниот пристап кој го практикува компанијата во правец на адресирање на брзото, динамично и здраво живеење.

Важно е да се напомене дека сите вкусови на лебови од линијата Добриот леб се изработуваат без вештачки и прехранбени бои и без скриени форми на конзерванси и адитиви.

Од тимот на Специјал велат дека Добриот леб е реализација на еден долго подготвуван проект кој има за цел збогатување но пред се унапредување на понудата на леб на пазарот. За сите 8 видови на леб карактеристичен е нивниот здрав состав и позитивното дејство врз здравјето на човекот при секојдневното консумирање.

Добриот леб е одличен за домашна употреба, за подготвување на коктели, пикник забави. Од понеделник, Добриот леб може да се најде во продажба во сите пекари на Специјал.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови