Македонска трагедија: Девет проценти од вработените се сиромашни

683 Views Септември 15, 2017 Беспарица Никола Осило

Околу девет проценти од вработените во Македонија се сиромашни или имаат приходи пониски од 12 илјади денари, покажуваат официјалните статистички податоци кои беа изнесени на денешната конференција за сиромашни и социјално исклучени лица што ја организираше Македонската платформа против сиромаштија.

Тоа најчесто се семејства со еден вработен, кои немаат дополнителни приходи.

За да се надмине проблемот, потребно е да се зголеми минималната плата на најмалку 12 илјади денари, да се работи на сузбивање на сивата или неформална економија, како и работниците да имаат посилно синдикално организирање кое ќе се бори за нивните права.

„Законот за минимална плата во претходните години беше 10 илјади денари и е под прагот на сиромаштија. Во Македонија е пресметано дека за едно четворочлено смемејство потребно е да добијат околу 12 илјади денари за да се над ниво на сиромаштија. Ние сега со издигнување на минималната плата, сите оние вработени регуларно ќе ги извлекуваме секој месец од сиромаштија“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Претседателата на Македонската платформа против сиромаштија Билјана Дуковска, истакна дека отворањето на оваа тема произлегло од фактот дека досега многу се зборувало за генералната сирошатија и за луѓето кои буквално немаат да јадат леб, но оти многу малку се зборувало за лицата кои работат, а се сиромашни.

„Ние сакавме да се прошири опсегот односно дека се сиромашни и оние луѓе кои се вработени, а имаат мали приходи, но и со оние кои не уживаат сигурност иако се вработени. Тоа се хонорарците, лицата кои работат на црно или со договори на кус период“, рече Дуковска.

МИА/фото:bluemonday

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!