Заев утре во Њујорк: Ќе се сретне со Трамп, Макрон, Гутереш, Туск, Могерини...

8252 Views Септември 16, 2017 Македонија Редакција Емагазин

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија која ќе присуствува на 72. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк од 17 до 23. септември.

Во составот на делегацијата на Република Македонија, покрај премиерот Заев, ќе бидат и министерот за надворешни работи Никола Димитров, и министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе присуствува на свеченото отворање на работата на Генералното Собрание и ќе настапи со свое излагање на тематската конференција „Отворена влада“, со која ќе претседава претседателот на Франција, Емануел Макрон. Премиерот Заев ќе учествува во работата и на повеќе други тематски панели за време на овој светски собир на претседатели на држави и шефови на влади.

За време на Генералното Собрание на ОН, Претседателот на Владата на Република Македонија ќе има работен ручек со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повеќе други билатерални средби, меѓу кои и со Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка, Малта, како и Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во рамките на посетата на Њујорк, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе оствари средби и со претставници на дијаспората на Република Македонија во Соединетите американски држави, како и со бизнисмени од САД.

Фото: СДСМ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови