(Видео) Некогашната ѕвезда Даниел Поповиќ кој го испеа хитот „Џули“ денес е социјален случај

2083 Views Септември 16, 2017 Забава Редакција Емагазин

Пејачот Даниел Поповиќ кој на Евровизија во 1983 година ја претставуваше поранешна Југославија со хитот „Џули“ во интервју за „Ин Магазин“ зборуваше за новиот албум и приватниот живот.

Тој е Црногорец, чие што вистинско име му е Милан. Се женел три пати, а денес живее со сопругата Александра во Љубљана, со која е осум години во брак.

Вели дека неговите песни од новиот лабум се автобиографски и дека се многу тешки, бидејќи како што вели, таков му бил животот откако ја испеал песната „Џули“.

„Некогаш бев ѕвезда денеска сум социјален случај“, изјавил Даниел.

Во интервјуто откри како ги потрошил парите кој ги заработил од овој хит во каков однос е со децата од поранешните бракови, а ја искоментирал и наводната вмешаност на својата ќерка Изабел Ким Поповиќ во афера со елитна проституција.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови