(Фото) Денеска на Рекорд луѓето си седеа и дишеа слободно

Иницијативата „На Точак“ информираше дека денеска Скопје имаше проба за вистински #ДенБезАвтомобили.

„Немаше издувни гасови, немаше бучава, имаше можност за кафе, за муабет, за возење точак, за игри на децата на безбедно и на раат. Следен пат со поголема и понавремена промоција, сигурни сме дека Рекорд ќе биде полн со луѓе!Скопје заслужува да има вакви мирни зони каде ќе поживееме без автомобили барем на одредени временски периоди! НаТочак „гласа“ за Ден без автомобили како пракса на регуларна основа барем еднаш месечно, со фиксен термин (пр. секоја прва или трета сабота во месецот, сеедно, нешто што ќе се памти), со целодневно затворање улици за возила, за почеток може на Рекорд, па подоцна и во други зони“, велат од оваа иницијатива.

Утре и Водно ќе биде зона без автомобили. Повеќе информации ОВДЕ. 

Фото/Фејсбук профил НаТочак

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови