Кањон Матка е еден од најрепрезентативните ресторани за странци во Скопје.Освен што е сместен во преубава природа и самиот е направен во духот на природата, од природни материјали.
Каменот и дрвото совршено се вклопуваат во амбиентот и заедно со сезонските цвеќиња ја потенцираат убавината.
Терасата е проширена, така што освен за делот за јадење има и дел за уживање со кафе.
Странците даваат позитивни оценки за ова место, а домашните гости имаат забелешка во однос на цените. Тие отскокнуваат од цените во еден просечен ресторан.