Героски: Поканет сум на тепачка пред „Манда“ во понеделник во 12 часот, доаѓам

5710 Views Септември 17, 2017 Македонија Редакција Емагазин

Главниот уредник на „Плусинфо“ и на „Слободан печат“, Бранко Героски на својот Фејсбук-профил напиша дека добил закана со покана за тепачка, на која, како што вели, позитивно ќе одговори.

Неговиот пост на Фејсбук, го пренесуваме во целост:

„Сакам да ги известам сите заинтересирани дека по уредно пријавената закана што ја добив од Љупчо Палевски, во пост на неговиот ФБ профил, тој сега, повторно со пост на неговиот профил, ме кани во понеделник во 12 на тепачка во "Манда".

Еве, јавно обзнанувам дека во назначеното време ќе бидам ПРЕД "Манда", но не ВО "Манда". На газдата Маниќ му ветив дека нема да му го бербатам локалот.

Тодор Пендаров во закажаното време да биде присутен, бидејќи јас него го барам. Како ќе се однесува Палевски, тоа е негов проблем. Веројатно и проблем на институциите.

Значи, се гледаме пред "Манда" во понеделник во 12 часот.“ 

Извор/фото: Фејсбук профил на Бранко Героски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови