Со поскапо пиво и засилени безбедносни мерки започна Октоберфест

353 Views Септември 18, 2017 Забава Камелија Делија

Во Минхен, по 184-ти пат се одржува најголемиот фестивал на пиво “Октоберфест”. По традиција точно на пладне во саботата градоначалникот на баварската престолнина Дитер Рајтер ја заглави канелката на првото буре со посебен чекан, викајќи: “О’цапфт ИС” /Отворено е!/, со што им беше означен почетокот на празникот на пивото. 


До 3 октомври на панаѓурот се очекуваат околу 6 милиони посетители од цел свет. 

Првата кригла со пиво традиционално ја доби премиерот на Баврија, Хорст Зехофер.

Цената на една кригла, која инаку собира еден литар пиво, на годинешниот 184. Октоберфест чини 10,95 евра и е 25 центи повисока отколку лани.

Празникот се празнува од 1810 година, организиран по повод баварската кралска свадба. Се смета за најголем фестивал на пиво во светот. Тоа е откажано 22 пати за војни, колера или хиперинфлација од 1920-тите.

Со оглед на постојано присутната претпазливост поради можни терористички напади, безбедносните мерки на Октоберфест годинава се уште повеќе зајакнати.

Полицајците носат камери на телото, просторот каде што се одржува панаѓурот е под надзор на повеќе видеокамери, а и патеките се испресечени со повеќе саксии со цвеќиња и други предмети, како заштита од евентуален напад со возило.

Фото: Oktoberfest

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови