Моторџиите собраа 1.000 евра за Ивица за набавка на протеза

8320 Views Септември 18, 2017 Живот Редакција Емагазин

На 17-ти септември во градската кафеана Калабалак беа прославени 10 години постоење на мото порталот motori.com.mk со хуманитарна акција во која се собираа средства за набавка на протеза за колегата моторџија Ивица од Куманово. Тој пред два месеца остана без едната нога, во сообраќајна несреќа при судир на мотор и џип.

Иако помина половина од месец септември сонцето беше немилосрдно, па оние 37 степени на воздухот всушност беа многу повеќе во Градскиот парк. Сепак жештината не ги поколеба моторџиите кои во голем број дојдоа на хуманиот настан.

200 моторџии од Скопје, Куманово, Свети Николе, Велес, Прилеп, Битола, Радовиш, Македонски Брод, Кичево па дури и од Србија учествуваа во акцијата во која се собраа повеќе од 1.000 евра за Ивица. Моторџиите повторно покажаа дека се хумани луѓе, сопственикот на кафаната даде голема донација, а свој придонес имаа и вработените во Калабалак кои се откажаа од дневниците и бакшишот и ги донираа за Ивица!

Забавата траше од 12 до 8 часот попладне, а за музиката беа задолжени фантастичните План Г од Гостивар.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови