Потребно е вработување на деца оставени сами на себе

Потребно е вработување деца кои живеат со својата баба, која сега е болна. Откако преживеале големи трауми од нивните родители, децата живееле со нивната баба која ги израстела. Бабата сега е болна, а на децата им треба работа.

„Три деца кои живеат со својата баба, живеат од ден за ден. Таа до сега се грижеше за нив, но многу е болна и за жал, сега за сега прогнозите се лоши.

Таа ги чуваше од нејзината мала пензија до сега, а сега може да треба да останат сами! Тоа се деца кои како мали преживеале големи трауми од нивните родители.

Баба им го зема старателството над нив кога нивните родители ги оставаат буквално на улица. Е сега, бидејќи не знаат како понатаму, најстарото дете кое има 19 години, иако сакаше да се запише на факултет, ќе мора да почне да работи за да се грижи за неговите сестри, едната е 18 години, а другата 11.

Итно бара работа со која може да се издржуваат“, се вели во Фејсбук-статусот на Кристина Арнаудова.

Секој што може да помогне нека кликне на линкот ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови