Застрашувачки податоци: Драстично расте бројот на деца во Скопје кои имаат акутни заболувања на белите дробови

2266 Views Септември 18, 2017 Наша тема Никола Осило

Во периодот 2014- 2016 година малите деца во Скопје на возраст од 0-6 години најмногу боледувале од заболувања на респираторниот систем, покажува најновиот извештај на Центарот за јавно здравје-Скопје.

Најчесто поединечно заболување внатре во оваа група на болести е акутниот фарингит и тонзилит, како половина од сите регистрирани респираторни заболувања, а најзасегната возрасна група е онаа од 1-4 години, подеднакво кај машките и женските. Најголем број е регистриран во општина Чаир.

„Тригодишниот тренд покажува константно висока застапеност. Загрижува вака висока застапеност на акутниот фарингит и тонзилит, особено поради ранливоста на оваа возрасна група, но и поради последиците од евентуалните компликации кои можат во подоцнежниот живот да преминат во хроницитет“, се вели во извештајот.

Kaj училишните деца и младина во периодот 2014-2016 на прво место, сите години според бројот на регистрирани заболувања се болестите на респираторниот систем. Тие заземаат 43,3% од сите заболувања регистрирани кај оваа возрасна група и се во континуиран пораст.

„Школските деца најчесто боледувале од акутен фарингит и тонзилит. Најголем број заболувања се регистрирани во општина Гази Баба. Најмногу се засегнати децата од основно училиште, поточно возраста 10-14 години, подеднакво кај обата пола. Тригодишниот тренд покажува континуиран пораст, па така од 2014 до 1016 пораснале за 13%.

Оваа состојба може да се разбере како неповолен след на морбидитетот регистриран кај малите деца, и секако е загрижувачки трендот кој расте со истите опасности од подоцнежни последици и уште повеќе бидејќи респираторниот систем е континуирано атакуван подолг период, а со тоа и можноста за компликации и хроницитет расте“, се вели во извештајот.

фото: New J.F.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!