„End of summer party„ во паркот “Аеродром”

287 Views Септември 20, 2017 Забава Редакција Емагазин

Овој петок во паркот “Аеродром” за прв пат ќе се случи “END OF SUMMER PARTY”. Настан со кој ќе се одбележи официјалниот крај на летниот период.

Со паролата “Даго испратиме последното зајдисонце од ова лето и да ја пречекаме првата месечина од есента, младите ентузијасти Ве покануваат на open air журка во паркот на авионот “Аеродром”- паркот со авионот во склоп на терата на кафе бар-от МАМБО.

Уживајте во disco house, funk house, jazz house и tech, внимателно селектирани од Dj Tanimed и Dj Andrej Micajkov, скопските “забавувачи“ кои буквално се најбукираните Dј во градов и се дежурните виновници за клубските забави.

Организаторите најавуваат екслузивни дампинг цени на пијалоците, одлична аудио и техника за осветлување а и други изненадувања за време на оваа ултимативна 6 часовна забава!

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови