МНР: Засега нема информации за македонски граѓани погодени од земјотресот во Мексико

312 Views Септември 20, 2017 Македонија Камелија Делија

Македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани погодени од земјотресот во Мексико, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.

Отаму додаваат дека македонската Амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации.

Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефони:

00 1 202 390 7418

00 1 202 667 0501

Од МНР истакнуваат дека доколку добијат било какви дополнителни информации навремено ќе ја известат јавноста.

фото: vibe

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови