(ВИДЕО) Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин

463 Views Септември 21, 2017 Свет Редакција Емагазин

Комитетот за истрага што го води случајот за новодното мешање на Русија во минатогодишните претседателски избори во САД, објави видео каде се „објаснува кој е рускиот претседател Владимир Путин“, а наратор во видеото е познатиот американски актер и режисер Морган Фримен. 

- Ние сме нападнати. Ние сме во војна. Поранешниот шпион на Комитетот за државна безбедност на Русија (КГБ), гневен поради пропаста на неговата татковина, подготви начин за одмазда. Користејќи ја предноста на хаотичната состојба, тој си направи пат низ хиерархискиот систем на постсоветска Русија и стана претседател. Воспостави авторитативен режим и ги постави за мета своите најголеми непријатели - САД, наведе Фримен. 

Во продолжение, се наведува дека е вистина оти Путин бил шпион на КГБ, исто така и дека е вистина оти тајно, извршувал кибернапади врз демократијата во светот.

- Тој шпион е Владимир Путин и ова не е филмско сценарио. Неопходно е нашиот претседател да ни ја каже вистината, нагласи Фримен, а потоа издекламира текст што би требало Трамп да им го каже на Американците. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови