(ФОТО) „Есенска привлечност“-нова колекција за есен/зима 2017 на Women’secret

1804 Views Септември 21, 2017 Е-излог Камелија Делија

Women’secret ја започнува сезоната со креации кои се направени за да ја истакнат секси страната на секоја жена на софистициран и суптилен начин.



Со завршувањето на летото исполнето со разнобојност, есенската колекција нуди монохроматска палета во која доминира црната боја како симбол на заводливост и сензуалност.

Секогаш грижејќи се за што поголема атрактивност, во комбинација со одлично чувство на пријатност, кај градниците новитет е кадифето, присуството на повеќе рамки и збогатениот дизајн на корпите.



Долгите сатенски ноќници, во комбинација со боди од тантела или тул се вистински погодок за оваа сезона.

 

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови