ЕЦБ: Земјите од Западен Балкан да ја зајакнат довербата во сопствените валути

366 Views Септември 22, 2017 Бенчмарк Камелија Делија

Државите од Западен Балкан треба да ја зајакнат јавната доверба во локалните валути наместо прекумерна доверба во еврото, бидејќи со тоа ги стaвааат своите економии на ризик, нагласи Беноа Коуре, претставник од Европската централна банка.

- Како регион што преживеал војни, диктаторски режими, економски кризи и политичка нестабилност, во изминатите неколку декади, повеќе од половината депозити и кредити се деноминирани во евра, со што се рефлектира слабост во довербата во домашните валути.

- Сепак, висока доверба во странските валути носи и сериозни незгоди, нагласи тој во Сараево.

- Се поголемото потпирање на еврото може да го намали просторот за маневри на монетарната политика, додаде тој. Недостигот од флексибилност на девизниот курс ја отежнува инфлацијата, додека истовремено го остава банкарскиот сектор ранлив на ненадејни валутни шокови, рече Коуре.

Според него, домаќинствата и фирмите може да не бидат веќе во можност да ги сервисираат своите кредити врзани за странска валута со што би се создал ризик за банките. Коуре вели дека главен клуч за зајакнување на јавната доверба во локaлните валути е независнот на централните банки и стабилен мандат без конфликтни цели.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови