(Фото) Научен клуб „Експлорариум“ нова содржина за деца во Скопје

Неодамна започна со работа „Експлорариум“ првиот научен клуб за деца во Македонија. На површина од 500 м2 клубот располага со четири современо опремени лаборатории и програма која нуди одговор на многубројни прашања од секојдневниот живот.

Експериментите се водени од страна на професионални предавачи кои користат современи методи на приближување на науката до децата. Покрај квалитетно поминато време каде низ забава учесниците имаат прилика да ги запознаат основите на науката, програмата овозможува развој на одредени животни вештини кај децата како што се: трпеливост, упорност, креативност, имагинација, развивање на критичко мислење и сопствен став.

Без разлика дали вашето дете во иднина ќе биде лекар, архитект или инженер тоа засекогаш ќе има таканаречен научен „mindset“ кој ќе му помага во совладување на  секоја препрека во иднина.

„Следејќи го светскиот трендови решивме да создадеме место каде сите љубопитни деца ќе имаат прилика по пат на експериментирање да ја искусат науката на вистински начин. Децата се малечки истражувачи, но како што растат тој порив во нив  се „убива“. Нашата главна цел е тие да останат истражувачи. Нашата мисија е на децата да им се покаже дека природните науки не се нешто непознато.

Низ експериментирањето да се уверат дека науката е се она што не опкружува, а исто така и своето опкружување да го гледаат низ други очи. Кај нас на жалост е прифатено општото мислење дека науката е за паметни деца но вистината е сосема спротивна. Науката е за секое дете, бидејќи тоа се раѓа љубопитно и желно да научи нови работи. А преку овој Центар, науката се доближува до децата“, ни објаснуваат од „Експлорариум“.

Од таму додаваат дека, важно е децата да си имаат свое место каде што ќе доаѓаат и каде што ќе среќаваат други деца со кои ќе споделуваат исти интереси.

„Низ изведувањето на овие експерименти, децата се учат да поставуваат прашања и на тој начин се стекнуваат со знаења. Со тоа што ќе научат да поставуваат прашања пак, уште од мали развиваат критичко мислење. Бидејќи експериментот не успева од прва, додека се повторува постапката тие истовремено учат да бидат трпеливи и упорни. Искуството што ќе го стекнат им останува“, објаснуваат од „Експлорариум“

Кој ги изведува експериментите заедно со децата ?

Исклучително важно е да се каже дека експериментите ги изведуваат професори од средните училишта и факултетите. На тој начин се овозможува висок степен на квалитетно знаење.

„На наше огромно задоволство експериментите се изведувани од страна на професори кои доаѓаат од Природно математички факултет од Скопје како и од средните училишта во Скопје. Значи станува збор за високо квалификувани професионалци кои учествуваа и во изработката на програмата и во изборот на материјалите“, додаваат од Експлорариум.

Како да се информирате за содржините на Експлорариум?

Околу содржините кои ги нуди „Експлорариум“ може да се информирате на нивната Facebook fan страна: https://www.facebook.com/ExplorariumMK/  како и на нивната официјана веб-страница  www.explorarium.mk каде на неделно ниво има распоред на експерименти. Во моментов активни содржини се: дневен престој, попладневни работилници /експерименти, работилница за ракотворби (crafts) и роденденски забави.

Дневен престој

Science club Explorarium со почеток од 4 септември организира дневен престој во две смени за училишни деца. Дневниот престој подразбира земање на децата од училиште, згрижување во објектот, помош при пишување на домашните задачи како и слободни креативни активности под надзор на професионален тим. Современо опремениот објект обезбедува пријатен и комотен престој на децата. А тимот на професионални лица овозможуваат успешно завршување на домашни задачи на детето. Цената на месечно ниво изнесува 4.000 денари.

Попладневни  работилници /експерименти

Од понеделник до четврток со почеток од 18.30 часот се одвиваат попладневните работилници на кои учесниците по пат на експериментирање се запознаваат со основните поими од науката. Експериментите се од областа на хемијата, физиката и  биологијата. Она што е посебно важно е дека експериментите се 100% безбедни по здравјето и животот на децата. 

Секоја недела се нуди комплетно нова програма. Како посебна предност е тоа што учесниците не се обврзани да плаќаат месечно туку може да платат од час/експеримент.

„Целта ни беше нашите клиенти да се чувствуваат слободни и да доаѓаат кога сакаат и колку сакаат “ ни објаснуваат од Експлорариум. Цената од час изнесува 350 денари а доколку се одлучите за повеќе часови се нудат пакет цени со попуст  и тоа за 5 час цената е 1600 денари а за 10 часа изнесува 2800 денари.  Часовите започнуваат секој ден во 18.30 часот за завршуваат во 19.45ч.

Попладневни  работилници /Crafts

Покрај работилниците со експерименти, се одвиваат и попладневните работилница за ракотворби (crafts) од понеделник до четврток со почеток од 18.30 часот. На овие работилници учесниците ќе можат да се запознаат со изработки на несекојдневни експонати, изработка на сложени оригами, изработка на филигран од хартија (Quilling техника), изучување на начини на правење на домашна хартија, правење на печати и многу други вештини.

Science родендени

Секој роденден вклучува crazy science забава со правење на голем број несекојдневни експерименти. Експериментот е воден од страна на професорот, а главниот истражувач е славеникот. Додека трае делот со експериментирањето останатите гости (возрасните) се сместуваат во делот на кафетеријата каде има можност за послужување на пијалаци и кетеринг.

Експлорариум кафе

Во рамките на Центарот има современо опремена кафетерија со капацитет од околу 50 гости. Кафетеријата е отворена за сите без разлика дали вашето дете посетува час или не, покрај кафетеријата постои детска галерија прилагоден за деца под пет години и истата е бесплатна.

Научниот клуб „Експлорариум“ се наоѓа на улица Никола Тесла бр 9.

За повеќе информации јавете се на 6090349 или посетете ја нивната Фејсбук страница (https://www.facebook.com/ExplorariumMK/) и веб-страница http://www.explorarium.mk/

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови