Варуфакис: ЕУ ќе се распадне за четири години

346 Views Септември 25, 2017 Бенчмарк Редакција Емагазин

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, по објавените изборни резултати во Германија, предвидува дека Европската унија ќе се распадне по четири години.

Тој оцени дека јакнењето на германските десничарски партии „Слободни демократи“ и „Алтернатива за Германија“ (АфД) ги уништило надежите на лидерите, како што е францускиот претседател Емануел Макрон, дека Европа може да стане пообединета.

„Уште четири години распаѓање на ЕУ се пред нас. Зголемувањето на популарноста за 20 отсто на Слободните демократи и АфД значи само едно нешто: Стратегијата на Макрон за федерација е мртва“, напиша Варуфакис на Твитер.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови