(ФОТО) еМагазин во манастирот Острог во Црна Гора: Место на верба за оние кои веруваат во чуда

966 Views Септември 26, 2017 Прошетај се Камелија Делија

Сместен вдалбнат во карпа на 900 метри надморска височина помеѓу Никшиќ и Подгорица во Црна Гора, Манастирот Острог е чудо на природата.

Веќе со години наназад е едно од најпосетуваните места на верници од Македонија. 



Важи за најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Света гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. 



Манастирот Острог се смета за вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си. Дури и самиот пат и пристапот до ова свето место претставува вистински предизвик.


Во манасторот пристигнавме рано наутро пред разденување. Литургијата само што беше започната некаде околу 6 часот утрото и голем број верници кои претходниот ден стигнале во манастирот веќе ја следеа литургијата.


Во текот на денот бројот на верници се зголемуваше. Конаците веднаш беа наполнети со луѓе кои дошле да преспијат. Реки на луѓе со ќебиња во рацете пристигнуваа во манастирот во текот на целиот ден и се сместуваа на некоја слободна површина во дворот, и надвор од него.

Река од луѓе во ред чекаа трпеливо да влезат во манастирот, и да се помолат пред моштите на светецот Василиј. 

И покрај големиот број на луѓе во манастирот беше тивко, смирено, сталожено.

Најголем број на верници има за вечерната литургија во 17 часот.


Во текот на летните месеци јули, август и септември, манастирот го посетуваат помеѓу 250 и 300 илјади верници и посетители од целиот Балкан, и Европа. 

На денот на Свети Василиј, кој се празнува на 12. мај во манастирот во зависност од временските услови и денот, односно дали е викенд или работен ден се собираат од 10 до 20 илјади луѓе.


Во Острошкиот манастир доаѓаат и сиромашни и богати од целиот свет да најдат мир и лек за душата…


На околу 3 до 3,5 км одалеченост, во долниот дел од Острог се наоѓа женскиот манастир во кој живеат неколку монахињи, а во горниот машки манастир, се наоѓа кивотот со моштите на св.Василиј Острошкиот-Чудотворец.

За посетителите, монасите како благослов даруваат по едно шише света вода и по едно шише свето масло.


Во Горниот манастир се наоѓаат две мали цркви. Горната црквичка е посветена на Чесниот и Животворен Крст, каде што Свети Василиј ги поминал последните години од својот земјен живот, во пост и молитва.

Втората, долна црква е посветена на Воведение на Пресвета Богородица, каде што и ден денес се чуваат моштите на овој Светител. 

Во манастирите се наоѓаат прекрасни конаци каде може да се престојува.


Преданијата велат дека, после седум години од смртта на Светецот на тогашниот игуман на манастирот Свети Лука во Парохијата во близина на Никшиќ, често му се појавувал во сон, велејќи му да појде во манастирот и да го отвори неговиот гроб.


Кога тој одлучил да појде и да го отвори гробот на Св. Василије, неговото тело било пронајдено неоштетено, дури и се уште мирисало на восок.

Оттогаш, неговите мошти се изложени во ковчег во самиот манастир, каде стојат до ден денес. Покриени се со ќебе, на кое има поставено икона, па секој посетител може да се приближи до него и да ја каже својата молитва.

Голем процент од посетителите се брачни парови кои што не можат да имаат деца. Но, не е мал и бројот на жените кои што после посетата на вечната куќа на прочуениот светец останале бремени, а сите до една веруваат дека токму свети Василиј ги благословил, па затруднеле.

Се верува и дека виновата лоза која што расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, поточно дека нејзините плодови ја лечат неплодноста.

Митрополитот Василиј се упокоил токму во манастирот Острог, а на местото на кое што тој ја испуштил својата душа, никнала винова лоза, која што вирее и ден денес. Недолго потоа, митрополитот Василиј бил канонизиран за светец на Српската православна црква, која што секоја година, на 12. мај, слави во негово сеќавање.

Од тогаш, па до денешен ден, непрекинато се случуваат чудата на Свети Василиј Острошки.

Сведоци велат дека оној човек кој е премногу грешен не може да влезе во манастирот и дека некоја Виша сила ги турка грешниците.

Голем број на луѓе го посетуваат овој манастир, молејќи се за чудо, а некои од нив и тврдат дека чуда и се случуваат.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести