Бангкок е најпосетуван град во светот во 2017 година

320 Views Септември 26, 2017 Прошетај се Камелија Делија

Бангкок со 20,2 милиони меѓународни посетители се најде на првото место на Mastercard Global Destination Cities Index, на листата од 30 најпосетувани градови во светот во 2017 година.

Веднаш по Бангкок следат Лондон со 20 милиони посетители, Париз и Дубаи со 16 милиони, па Сингапур со 13,45 милиони посетители.

На шестата позиција е Токио со 12,5 милиони посетители, а по него следуваат Сеул и Њујорк и Куала Лампур.

Со нешто повеќе од 9 милиони посетители на десетата позиција се наоѓа Хонгконг, а на единаесеттата Истанбул. Барселона и Амстердам со речиси 9 милиони посетители ја заземаат дванаесеттата, односно тринаесеттата позиција.

Во понатамошниот дел од листата следуваат Милано, Шангај, Виена, Прага, Мајами, Даблин, Мадрид, Мумбаи, Торонто, Берлин, Анџелес, Осака, Таипеи, Рим, а на последната позиција како 30 најпосетуван град оваа година се најде градот Јоханесбург.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести