Што правите кога платата никако да стигне?

528 Views Септември 27, 2017 Беспарица Камелија Делија

Голема е шансата да спаѓате во поголемиот дел на граѓани кои го делат календарот на „ниски“ и „високи“ датуми во месецот. Почетокот е секогаш во релаксирачки дух, се плаќаат сметките и може да се опуштите кога одите во супермаркет или во ресторан.

Но, како се приближува крајот на месецот ситуацијата станува се постресна, ручекот се носи од дома наместо да нарачувате, а излегувањето се одложува за подобри денови.

Тоа е посебно случај за есенските месеци- времето на летните одмори оставило траг на нашиот куќен буџет, сето она што сами себе заслужено си се „почастивме“ направи минусно салдо на вашата сметка.

Септември носи враќање на работа и училиште, купување на есенска облека, а тука се и трошоците за подготвување на зимница.

Голема е шансата да во октомври влезете во минус кој многу тешко може да го покриете.

Волшебно финансиско стапче за жал не постои, но можете да се обидете многу повнимателно да го планирате својот месец:

1.Направете список на сите сметки кои мора да ги платите во текот на месецот и веднаш одземете ја таа сума од парите со кои располагате.

2.Одете во големи набавки во хипермаркети или дисконти и секогаш носете список за да не паднете во искушение и да купувате работи кои не Ви се потребни.

3. Немојте да претерувате со „ситни“ трошоци кои може да направат голема ставка-возење со такси во сончев ден кога и не се брзата, второ дупло капучино со карамел за носење во текот на денот, седми кармин во слична нијанса...

4.Доколку имате кредит или друг вид на задолжување, водете сметка на време да ги платите, за да немате проблем со затезна камата, плус вознемирување заради опомена.

Понекогаш за жал ни планирање неможе да ги реши сите проблеми, па иако можеби избегнувате да се задолжите, сепак ова е добра причина да побарате кредит.

Извор: Блиц

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови