(ВИДЕО) Тајга - ново руско оружје во „технолошката студена војна“

458 Views Септември 27, 2017 Техно Редакција Емагазин

Руската безбедносна компанија „Инфовач Груп“ го престави својот паметен телефон отпорен на апликации, што собираат податоци за корисникот.

Пред нешто повеќе од две седмици, американските власти го забранија софтверот на московската компанија „Касперски Лаб“, чија некогашна директорка Наталија Касперски, сега е на чело на „Инфовач Груп“.

Смарт телефонот наречен „Тајга" блокира апликации што ги следат активностите на корисникот, посебно оние кои се однесуваат на деловната комуникација, докуманти, фотографии, а исто така спречува и апликации кои собират општи информации за користењето на направата. 

Тоа значи дека апликациите познати по прибирање податоци, каква што е Џимаил, кој скенира текстови од електронската пошта, и натаму можат да се користат на телефонот, со тоа што ќе бидат оневозможени да собираат и испраќаат податоци за користењето на телефонот и на останатите апликации.

Иако „Тајга" го користи Андроид оперативниот систем, тој е малку изменет во однос на стандардната верзија, за да биде во согласност со софтверот на уредот. Првите 50.000 телефони се веќе доставени на вработените во компанииите, чиј косопственик е државата. Телефонот се уште не е пуштен во слободна продажба.

Ова е последен пример за растечкиот „технолошки судир“, што некои го нарекуваат и „технолошката студена војна“ меѓу САД и Русија.

Минатиот ноември, Кремљ го поддржа планот - целиот софтвер на американски Мајкрософт во руските државни служби, да се замени со руски еквиваленти. 

МИА/Фото: Ruptly TV

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести