ЕУ ја казни Сканија 880 милиони евра

511 Views Септември 27, 2017 Бенчмарк Редакција Емагазин

Европската комисија го казни денеска шведскиот производител на камиони Сканија со 880 милиони евра поради местење цени.

Комисијата наведе дека, Сканија 14 години договарала со други производители за цени на камиони како и поради пренесување трошоците за нови технологии за пониски емисии на гасови на потрошувачите.

Сканија е казнета откако останатите од картелот МАН, ДАФ, Дајмлер, Ивеко и Волво/Рено постигнаа договор за подмирување со ЕК, додека Сканија тоа го одби.

Ецвропската комесарка за конкуренција Маргет Вестагер изјави дека со денешната одлука е завршена истрагата водена 14 години. Таа додаде дека картелот производители на камиони влијаел на голем број превозници во Европа откако беше установено дека девет од 10 средни и тешки камиони продадени во Европа ги прават Сканија и другите производители од картелот.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови