Пет совети за подобра ерекција

841 Views Септември 27, 2017 18+ Камелија Делија

Ерекцијата е важна за одржување на добар и квалитетен сексуален однос. Скоро сите сексуално активни мажи се интересираат на кој начин да ја подобрат ерекцијата. Ви нудиме неколку совети, односно промени во животниот стил кои треба да ги направите за да имате подобра ерекција, а со тоа и поквалитетен сексуален однос.

Ослободете се од стресот

Ако секојдневно сте под стрес, прекувремена работа, нервози поради испити, работа или слично, големи се шансите да не можете да постигнете добра и цврста ерекција. Затоа, веднаш треба да се фатите за работа, односно да научите да се ослободувате од стресот на долгорочен и краткорочен план.

Кога зборуваме за ослободување од стресот на краткорочен план, мислиме на опуштање пред самиот секс. Тоа значи заборавање на брзиот секс, долга и страсна предигра на места кои се предизвик за Вас и Вашиот партнер. За да се ослободите од стресот на долгорочен план, следете ги сите совети кои ќе ги споменеме подолу.

Консумирање на здрава храна

Консумацијата на здрава храна е услов број еден за добра и цврста ерекција. Секојдневното внесување на храна богата со витамини и минерали, особено со витамин Е, цинк и селен, е услов број еден за одржување на добра полова способност кај мажите. Храна богата со овие сосотјќи која треба секојдневно да ја внесуваме е бадеми, кикирики, риби и сл.

Секојдневна физичка активност

Дали ви претставува потешкотија да правите 10 склекови и 10 стомачни дневно? Секако дека не. Но, зошто тогаш не го правите тоа? Научниците направиле многу истражувања во врска со влијанието на физичката активност врз сексуалниот живот на луѓето, и добиле многубројни докази кои потврдуваат дека што поголема физичка активност тоа поголема сексуална моќ.

Секојдневно консумирајте црвено вино

Бројни истражувања покажале дека, секојдневното користење на 150 мл црвено вино и исто толку пред сексуалниот однос, значително влијае врз подобрување на ерекцијата кај мажите. Црвеното вино ја подобрува циркулацијата, а со тоа и цврстината на ерекцијата. Освен ова, консумацијата на црвеното во мали количини го штити срцето и крвните садови.

Оставете го пушењето

За ова не треба многу да ви објаснуваме. За здравјето на целото тело, па така и за добрата ерекција, најдобро е воопшто да не пушите цигари.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови