Која е најбогата: Каков имот имаат Катица, Фатиме и Ленче

3070 Views Септември 28, 2017 Наша тема Редакција Емагазин

Трите специјални обвинителки, Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска веќе подолг временски период се топ тема во медиумите. Јавноста се интересира за што е поврзано со нив. еМагазин Ви пренесува каков имот тие пријавиле до Државната комисија за спречување корупција.

Катица Јанева пријавила на свое име куќа во Гевгелија од 371 метри квадратни, проценета на 6,1 милиони денари, плац во село Конско и земјоделско земјиште во село Мрзенци.

На име на децата пријавила два стана во Скопје, од по 68 и 72 метри квадратни.

Вози Ровер и има неколку сметки во банка, но и неколку кредити.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

Фатиме Фетаи на свое име пријавила стан во Скопје од 90 метри квадратни, проценет на 4,9 милиони денари, златен накит и возило Киа пикато.

Има и два кредити.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

Ленче Ристоска, пријавила градежно земјиште од 480 метри квадратни во Скопје, возило Ренаулт каптур, и кредит.



Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Видео) Фатиме слуша турбо фолк, Катица вози велосипед, Ленче се релаксира правејќи оригами

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови