ЕК тргнува во борба против различниот квалитет на производи во источна и западна Европа

442 Views Септември 28, 2017 Бенчмарк Камелија Делија

Европската унија треба да стави крај на двојниот квалитет на храната на заедничкиот европски пазар, смета европската пратеничка за заштита на потрошувачите Вера Јурова, која ги престави препораките на Европската комисија со кои како што во Брисел веруваат дека ќе им се помогне на државите членки да утврдат дали некоја компанија ги крши правилата и прописите на ЕУ кога во различни земји продава производ со различен квалитет, а во идентична амбалажа.

Проблемот на таканаречениот двоен квалитет на храната (се работи за производи кои се продаваат на истокот со послаб квалитет од оние кои се продаваат во земјите од западна Европа), во последно време доби на важност во Брисел.

Тоа е последица на притисокот на земјите од источна и средна Европа кои од Комисјата бараат да се превземе нешто.

Затоа и претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер во средината на септември порача дека „неможе да се прифати луѓето во средна и источна Европа да купуваат производи со понизок квалитет, а во другите земји иако амбалажата и марката на производот се исти да добиваат поквалитетни производи“.

Сепак Комисијата нема да донесе ново закон, туку за овој проблем на земјите членки ќе им препорача да ги користат постоечките правила на Унијата и да ги применат примерите од директивата за непочитување на работната пракса.

Едно од клучните прашања е дали потрошувачот бил добро информиран за тоа дали производот е различен во однос на еднакво пакуваните производи на другите пазари и дали би го купил тој производ или не, ако ја знаел разликата.

Исто така Комисјата вложила околу еден милион евра за да се развие заедничка методологија за тестирање на производите и благодарение на тоа ќе може да се споредат резултатите од тестирањата во различи држави.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови