Доаѓа зимата: Како да најдете евтини авиолетови до егзотични дестинации

899 Views Септември 30, 2017 Беспарица Никола Осило

Македонските граѓани веќе почнуваат да ја чувствуваат депресијата што ја носи студот во есенските месеци, а допрва доаѓа зимата, период кога температурите во земјава знаат да се спуштат и десетици степени под нулата.

Со оглед на тоа што сега од Македонија има евтини летови до големите аеродроми во Европа, со прецизно планирање македонските граѓани можат да си дозволат летување во зимските месеци со реативно пристојни буџети.

Добра можност за избор на евтини авиолетови и врски нуди веб-порталот fly4free.

Меѓудругите, на сајтот се нуди можност за авионска карта од Германија до Филипини за само 389 евра, седумдневен престој во луксузен хотел во Дубаи за само 216 евра, како и патувања до Шри Ланка, карипските острови и каде уште не по цени кои се многу поевтини од вообичаените.

фото:fly4free

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!