(ВИДЕО) Како ќе одиме на Марс

511 Views Септември 30, 2017 Техно Редакција Емагазин

Илон Маск и компанијата „Спејсекс“ го објавија својот амбициозниот проект за изградба на база на Месечината и на град на Марс, што би требало да почне да се реализира за пет години.

„Спејсекс“ во периодов што следи целосно ќе се фокусира на тип на ракетен систем, БФР, кој би бил способен за меѓупланетарни летови и со голема брзина би можел да ги превезува луѓето на Земјата од еден до друг град.

„На овој начин, големи дистанци би можеле да се поминуваат и за половина час. На пример, од Њујорк до Шангај би се патувало само 40 минути“, изјави Маск на Меѓународниот астронаутички конгрес.

Она што во почеток би била мала населба на Марс, со тек на време ќе прерасне во град.

„На Марс постепено ќе создаваме услови за живот, за да го направиме убаво место за живеење“, рече Маск.

Со изградбата на БФР ќе се почне за шест до девет месеци и таа ќе може да се користи повеќекратно, што драстично ќе ги намали трошоците во иднина. Освен што ќе лансира сателити и ќе врши достава за вселенските станици, ракетата, исто така, ќе превезува луѓе кон Марс и Месечина.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови