Кои се најчестите причини за смрт кај новороденчињата во Македонија?

1703 Views Октомври 1, 2017 Наша тема Никола Осило

Во Македонија лани умреле 273 новороденчиња или во просек по 11,9 на 1.000 бебиња.

Од нив, 65 доенчиња умреле во првите 24 часа од породувањето, 109 доенчиња умреле во првите шест дена од породувањето, а 60 доенчиња во период од 7 до 27 дена од породувањето. Останатите 39 доенчиња починале во првата годна од породувањето.

Ваквата црна статистика често се користи за препукување меѓу политичките партии од власта и опозицијата на тема колку за морталитетот на доенчињата се одговорни здравствените организации односно македонскиот здравствен систем.

За полесно утврдување на одговороност потребно е да се увидат причините за смртност кај доенчињата.

Имено, според податоците на Државниот завод за статистика доенчињата во Македонија најчесто умираат од болести на респираторниот систем (222 доенчиња во минатата година), болести на дигестивниот систем (197 доенчиња), а помал е бројот на доенчиња што умираат од дијареа заради инфекција и различни други малформации и ненормални клинички наоди.

Речиси сите умрени доенчиња во минатата година биле третирани во македонските болници.

фото: SheKnows

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!