Референдумот во Каталонија е неуспешен, но Шпанија падна на испитот за демократија

1755 Views Октомври 2, 2017 Мој став Никола Осило

Светската, но и македонската јавност деновиве посветено ги следеа случувањата во Каталонија, каде вчера состојбата кулминираше со одржувањето на референдум за независност на оваа шпанска покраина.

Централната власт во Шпанија беспотребно ангажираше сојузни полициски сили од другите делови на земјата за да го спречат одржувањето на референдумот чии резултати покажаа дека мнозинството Каталонци всушност не стојат зад идејата за осамостојување.

Имено, на референдумот гласаа само 42 отсто од вкупно 5,3 милиони граѓани на Каталонија со право на глас.

Иако според прописите на каталонскиот парламент, за успех на референдумот не е потребна определена излезност, бројките покажуваат дека повеќето Каталонци воопшто не излегоа на гласање што е значаен сигнал за расположението во земјата во однос на идејата за отцепување од Шпанија.

За жал, во текот на денот на гласањето и нечовечката интрвенција на полицијата беа повредени повеќе од 840 граѓани и 30 полицајци, што во иднина може да се покаже како круцијална грешка на централната Влада во Шпанија, бидејќи методите кои ги искористи за да го спречи одржувањето на референдумот можат само да ги разгорат националните чувства кај околу 3 милиони Каталонци кои воопшто не излегоа на гласање.

фото: EPA

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!