Николовска: City Mall изгради имиџ на најпопуларна дестинација за шопинг, забава и дружење

2221 Views Октомври 3, 2017 Интервју Редакција Емагазин

Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија кој утре слави 5 години постоење. Со својата уникатност подеднакво и во понудата и во дизајнот, Skopje City Mall привлекува посетители од целата држава и пошироко, нудејќи им неповторливо искуство преку една нова димензија на шопингот.

За успесите на трговскиот центар, начинот на рекламирање и промоции, настаните кои ги организираат, како и за идните планови на трговскиот центар, разговаравме со менаџерот за комерцијализација на Skopje City Mall - Валентина Николовска.

Низ овие 5 години Skopje City mall има посебни достигнувања. На што сте особено горди?

- Skopje City Mall е најсовремениот трговски центар на овој регион, кој во изминативе 5 години изгради имиџ на најпопуларна дестинација за шопинг, забава и дружење. Со самото тоа што на едно  место ви се достапни најпопуларните брендови, овој трговски центар може да се носи рамо до рамо со останатите трговски центри на Балканот, но и пошироко.

Уникатноста и успешноста на Skopje City Mall се темели на тимската работа на сите оддели кои макотрпно и со голем труд во изминативе години оставија свој белег во развивањето и градењето на имиџот на трговскиот центар. Позади успехот на Skopje City Mall стои мал тим на успешни луѓе, и јас како дел од тој тим сум посебно горда.

Колкава е заинтересираноста на компаниите за соработка? И кои типови на компании знаат да ги препознаат можностите кои се нудат? Странски или домашни?

- Skopje City Mall како најпосетуван трговски центар во Македонија е меѓу најатрактивните локации за рекламирање, промоции и организирање на многу уникатни кампањи и настани. Со тоа и многу домашни и странски компании се присутни со реклама и промоции. Она што го издвојува од останатите освен по големата посетеност, е можноста да понуди иновативни и уникатни  локации и начини за рекламирање.

Од брендовите најголема застапеност имаат козметичките, автомобилските компании и брендовите од мобилната индустрија. Процентуално земено, најзастапени се странските компании. Кога станува збор за домашните брендови, Skopje City Mall е поддржувач во развојот на истите и секогаш се труди да им овозможи посебна поддршка во нивниот развој.

Покрај Вашата примарна цел како трговски центар – продажбата, постојано организирате различни настани и кампањи. Кој настан би го издвоиле како најинтересен и најдинамичен за “продавање“?

Во изминативе 5 години од постоењето на Sкopje City Mall, се организирани многу настани и реализирани се многу кампањи, од кои дел од нив за прв пат во Македонија. Еден од повеќето настани кои предизвика голем интерес конкретно последнава година за спонзорства кај компаниите е LEGO Фестивалот, кој се одржа во месец март.

Секој настан или кампања е динамична и различна и лично за мене е секогаш голем предизвик кога треба да се најдат спонзори кои финансиски ќе го подржат настанот, особено интернационалните кампањи чија целосна организација и реализација е доста скапа.

После 5 години, Skopje City Mall сѐ уште е најатрактивна дестинација за рекламирање. За кој тип на промовирање има најголема заинтересираност?

Типот и начинот на рекламирање на компаниите во Skopje City Mall од самиот почеток на работењето до сега е променет. Во првите  години, најголем интерес на компаниите и нивното присуство се одликуваше со промоции и директен контакт со потенцијалните клиенти. Во последните две години, најголема застапеност има со indoor и outdoor брендирањето, со исклучок на козметичките компании кои се присутни и со промоции на beauty corner и секако автомобилските компании со промоции на нивните нови автомобили.

Ова се однесува генерално низ годините од самото постоење на трговскиот центар. Конкретно ако зборуваме во текот на една година, типот на рекламирањето е различен, и зависи од самите компании кога лансираат нови производи или услуги на пазарот. Ме радува фактот што од самото работење на трговскиот центар до денес имаме многу лојални клиенти кои постојано се присутни со реклама. Тоа се должи и на препораката од наша страна како и на кој начин е најдобро да се рекламира односно промовира компанијата.Задоволните и лојални клиенти се нашиот најголем успех.

Можете ли накратко да ни го опишете процесот на продавање? (од понуда, до реализација).

- Кога станува збор за рекламирање или промовирање на одреден клиент, пристапот е секогаш различен, во зависност од тоа што сака клиентот да постигне или добие, промовирање на конкретен производ или “brand awareness“.

Имаме ситуации кога и ние на клиентите им предлагаме идејни решенија и тип на рекламирање кој е најсоодветен за нив и нивната компанија. До клиентот секогаш се проследува branding каталогот во кој се содржани сите типови и начини на промовирање во трговскиот центар.

Клиентот е поканет од наша страна во Skopje City Mall, бидејки најдобро, на самата локација, може да се утврди типот на застапеноста, дали станува збор за поставување на реклама на одредена локација или промоција. Имаме и ситуации кога клиентот ги одбира и двете решенија. По утврдување на типот на рекламирање и потпишување на договорот, клиентот пристапува кон реализација на договореното.

Каква новост можеме да очекуваме наскоро од Skopje City Mall?

Skopje City Mall, како уникатен и иновативен трговски центар, веќе има испланирано доста активности кои следат до крајот на годината и секако во 2018 година. Освен традиционалните кампањи како Late Night Shopping, роденденската прослава, Black Friday итн., за нашите лојални клиенти и посетители имаме многу изненадувања за кои допрва ќе дознаете.

Во моментов целиот фокус е насочен кон организација и реализација на јубилејната роденденска прослава, 5 години од успешното постоење на Skopje City Mall. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести