„О ла ла“ слави шест години постоење, шест најпродавани слатки се на попуст

„О ла ла“ го слави шестиот роденден со шесте најпродавани слатки американски палачинки, Васина торта, нутела торта, панакота, чоколаден мус и браун со вишна денеска по специјален попуст од 20 проценти.

„О ла ла“ е автентично место, инспирирано од различни посети и искуства на светските слаткарски метрополи, сега на уште едно место во Скопје ќе ги спојува различните вкусови, прилагодени на локалниот менталитет. 

Во „О ла ла“, како што велат од таму, идејата е на потрошувачите да им се долови вкусот на француските тартови и макаронси, италијанската панакота, австралијанските торти, американските мафини и брауни, австриската крем пита, и најпрепознатливите македонски слатки како Васината торта или принцес крофните.

„Би сакала да кажам дека сме пионери во слаткарството кои на локална територија ги донесоа некои од најпознатите благи од светот, од типот на француски тартови, макаронси, американските палачинки. 

Иновативни сме и ги следиме светските трендови во подготовка на храна, во која не се вклучени никакви индустриски замени на состојките. Не користиме јајца во прав, млеко во прав, не користиме готова смеса во прав за комплетни колачи, не користиме маргарин и локум“, вели сопственичката Ели Пешева.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови