Истражување: Работниот ден треба да трае три часа

460 Views Октомври 3, 2017 Office Редакција Емагазин

Едно британско истражување кое опфатило 1.989 службеници кои работат во канцеларија, покажа дека вообичаениот осум часовен работен ден е непотребно долг, зашто тие се продуктивни само два часа и 53 минути од нив, пишува „Дејли мирор".

Другиот дел од времето, луѓето го минуваат на интернет (еден час и 45 минути, во просек), или во разговор со колегите (40 минути), велат резултатите од анкетата на компанијата „Ваучер клауд".

Паузите за кафе траат просечно по 17 минути, додека оние за пушење - 23 минути. Разговорите по телефон одземаат 18 минути, а четот - 14 минути. За ручекот, на еден канцелариски работник му требаат околу 15 минути.

Има и такви кои си бараат нова работа, и тоа им одзема 26 минути дневно.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести